Страв во тимот на Рома: УЕФА ќе ги казни Римјаните?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што стојат работите во моментов, УЕФА ќе ја казни Рома по првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампиони против Ливерпул.

Навивачите на Рома направија големи проблеми пред почетокот на мечот во Ливерпул, по што даде соопштение клубот и го осуди таквото однесување.

Сепак, по се изгледа „волчицата“ ќе добие казна од Дисциплинската комисија на УЕФА по натпреварот. Според италијанските медиуми, УЕФА ќе ја казни Рома со забрана за присуство на навивачи на гостување на еден или два натпревари.

Да потсетиме, два навивачи на Рома, Филипо Ломбарди и Даниеле Скускио се уапсени поради обид за убиство.