Мурињо: Јас го купив Салах, од Челси ми го продадоа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо одбива да ја земе кривицата на своја страна за продажбата на Мохамед Салах додека тој бил во редовите на Челси.

Египќанецот пристигна на „Стемфорд Бриџ“ додека Мурињо беше тренер на клубот, но поради малата минутажа си замина во редовите на Фиорентина, за подоцна да направи трансфер во Рома.

„Луѓето велат дека јас сум го продал Салах, но не е така. Јас го донесов Салах. Од Челси се одлучија да го продадат. Кога ќе речат дека јас сум го продал, лажат“- коментираше Мурињо за ЕСПН Бразил.

Салах беше донесен во Челси во јанаурскиот преоден рок во сезоната 2013/14 и имаше солидна прва полусезона. Но веќе на стартот на неговата прва цела сезона на „Стемфорд Бриџ“ тој не добиваше шанса и почесто беше на трибините отколку на теренот, па во јануарскиот преоден рок беше пратен на позајмица во Фиорентина.