Мурињо кажа дека не сакал да го продаде Салах, а всушност пред три години го кажал спротивното!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мохамед Салах игра одлично сезонава во Ливерпул , а досега постигна 43 гола и се смести во самиот врв на светскиот фудбал.

Секако, почнаа да го напаѓаат веднаш Жозе Мурињо дека го продал Салах, а тој го демантираше тоа и кажа дека Челси одлучиле за неговиот трансфер.

Сепак, англиските новинари се потрудија и најдоа негова изјава од 2015. година. Тие тврдат дека Португалецот лаже, а по неговата изјава, може да го заклучиме тоа.

„Ја гледам неговата иднина на друго место. Позајмица или продажба, сеедно ми е, само понудата да биде добра. Имаме пет крила и Салах е подобро да не се враќа“, кажал тогаш Мурињо.