Фортуна повторно се врати во Бундеслигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Фортуна Дизелдорф денеска го победија Динамо Дрезден со 1-2 и си обезбедија пласман во Бундеслигата наредната сезона.

Три бода на Фортуна и донесе Рувен Хенингс со гол во судиското продолжение. На две кола до крајот, тие имаат 59 бода, односно 10 бода повеќе од Кил со 49 бода на третото место.

Фортуна се враќа во Бундеслигата во пет години, а вреди да споменеме дека титула во Германија има освоено во 1933. година.