Навивачите на Лидс сметаат дека Биелса ќе биде перфектен за Алиоски (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски имаше променлива прва сезона во дресот на Лидс Јунајтед.

Сепак, фановите на овој клуб веруваат дека новиот тренер на Лидс, Марсело Биелса е перфектниот менаџер за Алиоски.

Нашиот интернационалец кој во многу наврати покажа дека има квалитет се вклопи во сивилото на клубот во вториот дел од сезоната. Како и да е, фановите сметаат дека назначувањето на Биелса на кормилото на Лидс ќе биде од големо влијание за Алиоски.

Крилниот фудбалер на 42 настапи за тимот на Лидс минатата сезона постигна седум погодоци на кои придодаде и пет асистенции.