Поранешен играч на Вардар станува најскапиот ракометар во историјата!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите хрватски ракометари, Лука Циндриќ, би можел да стане најскапиот ракометар во историјата доколку се реализира неговиот трансфер во ПСЖ.

Тој уште минатата година потпиша договор со полски Кјелце, но екипата се соочи со проблеми.

Тие се во големи финансиски проблеми и не е познато што ќе се случува со тимот. Побараа голема парична помош од градот, но не се знае дали ќе им помогнат. Дејан Бомбач веќе го напушти тимот, а очигледно и Циндриќ ќе тргне по истиот пат.

Преку неговиот трансфер во ПСЖ би можеле да го средат финансискиот проблем. Кјелце бара четири милиони евра, а тоа би бил рекорден трансфер во историјата.

Досегашен рекордер беше Германецот Андреас Волф, кој минатото лето премина од Кил во Веспрем за 2,6 милиони евра.