Каков татко, таков син: Синчето на Роналдињо наскоро пристигнува во Европа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роналдињо е еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот. Неговите потези ги воодушевија сите, а наскоро на европските терени би можеле да го гледаме неговиот син Жоа Мореира.

Овој 13-годишен играч има голем талент и бразилските медиуми пишуваат дека наскоро ќе пристигне во Европа.

Интерес за неговите услуги покажа ПСЖ, тим во кој неговиот татко ја почна европската авантура, а понудата стигна, откако мореира ги импресионираше сите на натпреварување за младинци во Париз.