Ребиќ останува во Германија и го прави трансферот на кариерата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесуваат германските медиуми, Анте Ребиќ наскоро ќе биде нов член на Баерн Минхен.

Наводно, преговорите за трансферот се пред крај откако агентот на играчот, Фали Рамадани отпатувал во Минхен каде треба да се постигне финалниот договор.

Ребиќ одигра одлично на Светското првенство во Русија, а неговите игри не останаа незабележани и од челниците на Баерн Минхен. Минатата сезона Ребиќ играше токму под водство на новиот тренер на Баварците, Нико Ковач.

Баерн Минхен за неговите услуги на клубот од Франкфурт ќе му понуди 30 милиони евра.