Од Јувентус најавуваат голема новина (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На официјалниот сајт на фудбалскиот клуб Јувентус е најавено формирање на нов клуб. „Црно белото“ семејство од Торино ќе биде засилено со кошаркарски клуб, барем ако се суди по тоа што беше објавено на Твитер профилот на Јувентус.

„Наскоро стигнува. 25 јули 2018. За оние кои сакаат да уживаат во новите предизвици. Да одат преку границите. Изразете го својот потенцијал“ –стоеше во објавата на која имаше и кошаркарски дресови од Јувентус.

Торино долго нема врвен кошаркарски клуб, а сега се споменува правење на респектабилен тим што би значело дека навивачите на Старата дама ќе имаат прилика во иднина да уживаат и во кошаркарски натпревари.