Хамилтон триумфираше во Унгарија, Фетел стигна до втората позиција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Британскиот возач Луис Хамилтон славеше на патеката Хунгароринг на трката за Големата Награда за Унгарија.

Возачот на Мерцедес уште еднаш возеше беспрекорна трка, додека втор на целта пристигна пилотот на Ферари, Себастијан Фетел.

Најинтересно беше во последните кругови кога тандемот од Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен се обидуваше да го стигне Ботас кој во еден момент беше на втората позиција. Потоа следеше еден спорен момент кога Фетел и Раиконен го претекнаа Ботас.

Веднаш потоа дојде до инцидент и меѓу Ботас и Рикиардо, а од ФИА му доделија 10 секунди казна на финскиот возач.

Четврт трката ја заврши токму Рикиардо,, а во бодови влегоа и Гасли, Магнусен, Алонсо, Сајнц и Грожан.