Се јави и Марсијал по критиките од Мурињо (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ентони Марсијал беше јавно критикуван од Жозе Мурињо поради тоа што не се вратил во САД иако му беа доделени неколку слободни дена поради раѓањето на неговиот син.

Сепак, 22 годишниот Французин имал причина затоа што не се вратил со тимот на подготовките преку океанот, а тоа го објави на својот Твитер профил.

„Ви благодарам на сите за вашите објави. Мојот мал Свон е добро, за мајка му беше потешко од очекуваното, но му благодариме на Бога што сега таа е подобро. Се извинувам, но моето семејство е на прво место. Утре се враќам во Манчестер“ –напиша Марисјал на Твитер.

Утрово се појави информиација која говори дека Манчестер Јунајтед парично ќе го казни Ентони Марсијал поради ваквиот потег, но од клубот одбија да коментираат на оваа тема.

Мурињо пак во интервју по победата над Реал Мадрид истакна дека не знае дали Марсијал ќе се врати во тимот дури и кога тие ќе се вратат во Манчестер .Сепак,младиот фудбалер ги реши сите дилеми со својата последна објава.