Марсијал го чека голема казна од Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот фудбалер од редовите на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал се соочува со голема казна од страна на неговиот клуб.

Марсијал ги напушти припремите на клубот во САД за да присуствува на раѓањето на неговиот син, но потоа не се врати на подготовките.

Челниците на Јунајтед, очигледно огорчени од ваквиот потег на 22 годишниот фудбалер се решија да му скратат две неделни плати, па сега Марсијал ќе биде „полесен“ за 180.000 фунти.

Јасно е дека работите на релација Мурињо- Марсијал не функционираат, па многу е веројатно фудбалерот кој одреден период беше миленик кај фановите на Манчестер Јунајтед да си замине ова лето.

Жозе Мурињо по средбата со Реал Мадрид потврди дека Лукаку, Џонс, Рашфорд и Јанг ќе се вратат порано од предвиденото на тренинзите во Керингтон, но кога беше запрашан за Марсијал, Португалецот кратко одговори: „Не знам, подобро да го прашате човекот задолжен за односи со јавноста“.