Грифин може мирно да спие – нема да плаќа повеќе алиментација од 258.000 долари месечно!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американскиот кошаркар Блејк Грифин е ослободен од плаќање на алиментација од 258.000 долари месечно.

Грифин со поранешната вереничка Камерон Брин раскина, но има две деца и медиумите пишуваа дека ќе мора да плаќа дури три милиони годишно.

Неговата поранешна вереничка го тужеше за неплаќање алиментација, но на крајот се договорија и Грифин ќе плаќа само 32.000 долари месечно.

Грифин по неколку сезони во Лос Анџелес клиперс минатата сезона беше трејдуван во Детроит, каде што потпиша договор на пет години вреден 171 милион долари.