Легендарниот Наваро стави крај на богатата кариера


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот шпански кошаркар, Хуан Карлос Наваро се реши на свои 38 години да се повлече од активното играње.

По 21 година феноменални партии на паркетите ширум светот, од кои само една сезона помина во друг клуб освен Барселона, одличниот шутер се реши да се повлече и тоа откако му беше соопштено дека нема да му биде продолжен договорот со каталонскиот клуб.

Бидејќи не сакаше да има друг клуб освен Барселона, но и фактот дека со клубот има договор до 2027 година, Наваро се одлучи на ваков чекор со кој завршува со активното играње.

Сепак, со договорот тој сигурно ќе остане во Барселона и ќе добие некоја функција во клубот.

Македонија добро го памети Наваро затоа што Шпанецот во полуфиналето на Евробаскетот во Литванија постигна 35 поени против нашата репрезентација и беше главниот „виновник“ што ние не успеавме да се пласираме во големото финале.