Официјално: Балотели откри каде ќе ја продолжи кариерата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марио Балотели пред неколку месеци сакаше да ја напушти Ница, односно кажа дека нема да игра за нивната екипа во наредната сезона.

Балотели на последниот натпревар во минатата сезона се прости од навивачите на Ница, зашто беше сигурен дека ќе го напушти клубот. Интерес за него покажаа неколку клубови, но Балотели не беше задоволен со нивните понуди.

Додека ја чекаше вистинската понуда, сезоната во Франција почна и сега е јасно дека Балотели ќе остане во Ница.

„Одлуката е донесена. Марио реши да остане во Ница. Тој својата одлука ја соопшти на клубот и покажа желба да биде дел од екипата. Ние тоа го прифативме и Балотели од утре ќе тренира со нас“, соопштија на официјалната страна на Ница.