„Д Интернешнл“: Ликвид го прегази Оптик, ПСЖ. ЛЏД подобар од Виртус.про (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ликвид ја почна одбраната на титулата на „Д Интернешнл“ во плејоф-серијата со убедливи 2-0 против Оптик, додека во големото дерби ПСЖ.ЛЏД ги искористи грешките на Виртус.про и се пласираше понатаму.

Мајнд_Контрол го предводеше Ликвид до брзи 1-0. Од самиот почеток на дуелот Ликвид доминираше, а Оптик едноставно не можеше да се врати во играта.

Вториот дуел траеше две минути подолго, но Ликвид уште поубедливо победи со 32-9 и така ги елиминираа своите противници.

ПСЖ.ЛЏД си закажа средба со Ликвид за место во финалето на победничкиот бараж, откако го победи Виртус.про без загубен натпревар. Голема борба се водеше во текот на двете средби, но на крајот за нијанса подобри беа ПСЖ.