Салах е голем човек – со еден потег расплака дете на трибините (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул вчера пред своите навивачи полесно од очекуваното го победи Саутемптон со 3-0 и така ја продолжија победничката серија.

„Црвените“ на најдобар начин ја отворија сезоната и уште се на врвот, па имаат максимален број на бодови. Во листата на стрелци се запиша и Мохамед Салах, кој претходните денови беше под голем притисок поради слабата реализација.

По натпреварот Салах уште еднаш покажа дека е голем човек бидејќи направи среќно едно дете на трибините. Додека одеше кон трибините виде транспарент на кој детето напиша дека неговиот сон е да добие дрес од Салах.

Египќанецот го виде транспарентот и реши да му го исполни сонот на младиот навивач на Ливерпул, па кога му го даде дресот, детето заплака од среќа.