Дончиќ имаше уште еден фантастичен настап за Далас (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Словенскиот кошаркар Лука Дончиќ продолжува со фантастичните настапи во НБА-лигата, а синоќа беше најдобар во поразот на Далас од Јута со 102-117.

Јута го контролираше натпреварот уште од самиот почеток, а уште по првото полувреме беше јасно дека Далас ќе го загуби натпреварот.

Но, и покрај тоа Дончиќ беше најдобар кошаркар на натпреварот и за 35 минути поминати на паркетот постигна 24 поени, две асистенции и шест скокови.