Легендата на „Црвените ѓаволи“ открива: Ова е причината зошто Јувентус беше поразен?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Јунајтед во средата славеа над Јувентус во четвртото коло во Лигата на шампионите иако беа во заостанување.

Во самиот финиш меѓутоа со погодокот на Мата и автоголот на Бонучи славеа со 2:1 и сега им треба само уште триумф над Јанг Бојс за да се пласираат натаму.

Легендата на „Црвените ѓаволи“, некогаш еден од најдобрите играчи за врска на светот, денес стручен коментатор, ги откри првите причини за победа, ниту малку не воодушевен од триумфот на „неговата“ екипа.

„Шампионите во Серија А се раскомотија по триумфот на „Олд Трафорд“. Верувам дека очекувале полесна работа во реваншот. Едноставно биле задоволни“, вели Сколс и додаде:

„Мислам дека Јунајтед не би славел победа ако ова беше меч од четвртфиналето или полуфиналето. Тогаш Јувентус би бил безобѕирен. Овојпат мислам дека малку експериментираа. Размислуваа за некои други работи. Алегри на клупата ги остави Матуиди, Кансело…“