Голден Стејт открија уште колку ќе паузира Стеф Кари (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, ќе пропушти уште пет натпревари поради повреда.

Тренерот на екипата, Стиве Кер, кажа дека екипата мора да биде внимателен поради повредата на Кари, иако последните прегледи покажаа охрабрувачки резултати.

Тие решија дополнително да го одморат Кари, а наредната проценка ќе ја направат на прегледите закажани за десет дена.

Кари се повреди во текот на третата четвртина од дуелот против Милвоки на почетокот на ноември.

И покрај тоа што не игра, Кари ќе го следи својот тим на турнејата во Тексас, каде што тие ќе играат со Хјустон, Далас и Сан Антонио.

Фантастичниот кошаркар би требало да се врати на 25 ноември за дуелот против Сакраменто.