Ајакс и Баерн одиграа реми со шест гола, Лион е последен патник во осминафинале на ЛШ (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Лион вечерва обезбеди пласман во осминафинале на Лигата на шампиони (ЛШ), откако одигра 1-1 против Шахтер, додека Ајакс и Баерн Минхен одиграа 3-3.

Ајакс и Баерн Минхен одиграа навистина возбудлив меч во Холандија, а први до водство стигнаа Баварците во 13. минута преку Роберт Левандовски, кое го задржаа во првите 45 минути.

Сепак, Ајакс стигна до пресврт во второто полувреме преку Душан Тадиќ, кој погоди во 61. и 82. минута. Само четири минути подоцна Левандовски израмни на 2-2, а во 90. минута Кингсли Коман погоди за водство на Баерн од 3-2, но во последните секунди од мечот Николас Таљафико израмни на 3-3.

Шахтер одигра 1-1 против Лион, а до водство стигна во 22. минута, но францускиот тим доминираше во текот на целиот натпревар, па успеаа да постигнат гол во 65. минута преку Набил Фекир за конечни 1-1.

Останати резултати:

Бенфика – АЕК 1-0
Манчестер сити – Хофенхајм 2-1
Валенсија – Манчестер јунајтед 2-1
Јанг Бојс – Јувентус 2-1