Интер го договори првиот јануарски трансфер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Калчомеркато“ пренесува дека од Интер го договориле трансферот на бразилскиот голман Габриел Брацао кој доаѓа од тимот на Крузеиро.

Италијанскиот весник открива дека во текот на вчерашниот ден била одржана средба во Милано каде биле договорени сите детали.

19 годишниот голман веднаш откако ќе стави потпис на договор со Интер ќе се пресели во Киево каде ќе ги помине следните шест месеци како позајмен фудбалер.