Аргентински среден бек на чекор до Вардар?

Вардар ангажираше неколку ракометари во претходниот период, па размислува во моментов за нови засилувања бидејќи има големи амбиции за следната сезона.

Едно од имињата кои се поврзуваат со европскио шампион е аргентинскиот ракометар Пабло Симонет, кој има 28 години и игра за репрезентацијата.

Вардар, наводно, ја испратил понудата и Симонет е подготвен да прифати бидејќи сака да игра во Европа и во Лигата на шампиони, а во Скопје треба да пристигне како замена за Сташ Скубе.