Аријан Адеми го напушта Динамо?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Капитенот на Динамо, Аријан Адеми, може неочекувано да го напушти Максимир.

Динамо влегува во следната сезона со малку поинаков тим. Најавени се бројни засилувања, од кои дел веќе се купени, а освен тоа, Сините планираат да се ослободат од оние на кои Зоран Мамиќ веќе не смета. На тој список се, Иво Пинто, Изет Хајровиќ, Атиемвен, Емир Дилавер…

Медиумите во Унгарија, пак, донесоа интересни и неочекувани новости во врска со капитенот Аријан Адеми, кој, како што тврдат, би можел да ја продолжи кариерата во шампионот Ференцварош.

Клубот од Будимпешта ги зголемува своите амбиции од година во година и не ја крие желбата да се квалификува во групната фаза од Лигата на шампионите, а бидејќи парите не им е проблем, тие изразија желба да го засилат средниот ред со Адеми, кој десет години игра за Динамо.

Унгарците изјавуваат дека преговорите се во „напредна фаза“, а јасно е дека овој трансфер не би била ефтин за Ференцварош. Се шпекулира дека Сините не би го пуштиле својот капитен под 5,5 милиони евра.

Многумина веруваат дека токму Адеми е „перверзното засилување“, како што неодамна најави дека ќе го донесе претседателот на Ференцварош.