Арсенал доведе засилување од третолигаш!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Не е премногу висок, не е искусен, но знае со топка, каде да се постави, кога да прави лизгачки старт…

Арсен Венгер никогаш не се плашеше од тоа да зададе удар во непознато.

Повеќе пати од било кој друг беше погодуваше. Навистина, многу повеќе пати промашуваше, но кога во клуб како што е Арсенал  ќе земеш играч за 2 милиони никој тоа нема да ти го земи за лошо.

Сега за барем секој петти да биде погодок. А судејќи според информациите од Островот францускиот тренер се обложи на Роб Холдинг.

Веруваме дека само мал број на луѓе слушнале, но Холдинг не е сосема непознат во Англија, иако е член на Болтон. Но и во У21 селекцијата на Англија. Висок е 182 сантиметри, но силен на топка, велат дека има добра антиципација, одличен тајминг…И се она друго што просто не може да се види на основа на интернет клиповите.

Меѓутоа, локалните медиуми во Болтон, а во Англија и понатака владее локал – патриотизам, па таквите весници се најдоверлив извор на информација за условно речено помалите клубови, тврдат дека Холдинг успеа да привлече внимание на скаутите на Арсенал.

Контактите се воспоставени уште во мај, првата понуда е одбиена, но другата не, па 20-годишниот веќе ги помина лекарските прегледи во Лондон, и останаа уште само детали околу платата, а тоа секако нема да биде  пречка за заклучување на зделката.

Инаку, шпекулациите велат дека Болтон како нов третолигаш едноставно не можеше да се шири и да бара повеќе. Оштетата изнесува само 2 милиони фунти.