Арсенал носи две засилувања од Премиерлигата за 160 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал беше елиминиран во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ) од Баерн Минхен, а на премиерлигашот му се заканува уште една сезона во која нема да освои трофеј.

Навивачите се надеваа дека Арсенал има поквалитетен состав оваа сезона, но во завршницата почнаа да се појавуваат „дупки“ во тимот.

Тренерот Микел Артета очигледно забележал кои се недостатоците на тимот и поради тоа сака да ангажира двајца фудбалери следното лето.

Арсенал сака да ги купи Александар Исак и Мајкл Олисе ова лето, но за тоа ќе мора да потроши околу 160 милиони евра.