Арсенал сака да земе нов плејмејкер од Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот вицепрвак Арсенал планира следното лето да ангажира неколку засилувања, а едно од нив ќе биде Дани Себаљос од Реал Мадрид.

„Кралевите“ не сметаат на Себаљос и затоа би прифатиле понуда од лондонскиот гигант следното лето.

„Трансфермаркт“ проценува дека цената на Себаљос е осум милиони евра, но се очекува „кралевите“ да побараат околу 15-20 милиони евра за услугите на плејмејкерот.