Арсенал со шест гола го уништи Вест хем среде Лондон (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот вицепрвак Арсенал му покажа на Вест хем кој е главен во Лондон, откако го прегази со 6-0 во 24. коло од Премиерлигата.

Салиба во 32. минута го матира Ареола, а потоа Букајо Сака зголеми на 2-0 пред крајот на првото полувреме.

Сака стрелаше и за 3-0, додека во листата на стрелци се запишаа и Габриел, Тросар и Рајс во вториот дел од мечот.

Арсенал се наоѓа на делба на втората позиција со Манчестер сити со 52 бодови.