Артета: Го сакаме Мбапе, но тој најверојатно ќе потпише за Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Арсенал, Микел Артета кажа дека би било апсурдно да не покажат интерес за фудбалер како Килијан Мбапе, кој речиси сигурно ќе замине од ПСЖ.

Мбапе неодамна ги извести претставниците на францускиот гигант дека не планира да го продолжи договорот.

„Кога на пазарот имате фудбалер од таков калибар, мора да покажете интерес. Сепак, можам да кажам дека тој нема да дојде тука“, кажа Артета.

Арсенал во моментов е трет во Премиерлигата со 52 бода, додека лидер е Ливерпул со два бодови повеќе.