Артета ќе го исчисти „ѓубрето“ за да купи две засилувања


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тренер Микел Артета ја испушти титулата во Премиерлигата, иако повеќе од 230 дена беше на врвот во лигата.

Артета ќе добие 200 милиони евра за засилувања, а Шпанецот има две желби за летниот преоден рок и тоа се Деклан Рајс и Мејсон Маунт.

Трансферот на Рајс од Вест хем ќе чини околу 120 милиони евра, додека Маунт од Челси би можел да биде откупен за сума од 60 милиони евра.

Тренерот на Арсенал ќе се обиде да го добие потписот и на Илкај Гундоган кој има договор со Манчестер сити до крајот на сезоната.

Артета тука не мисли да запре затоа што најави дека ќе ги избрка непотребните фудбалери од екипата.