Артета за одлуката од ВАР која можеби го реши шампионатот: Голема, но праведна одлука


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Арсенал го победи Вест Хем на гостински терен со 1:0 во 36. коло од Премиер лигата и е многу блиску до титулата првак на Англија, која ја очекува 22 години. Решавачки беше Леандро Тросар во 83. минута, но ако “топџиите” го освојат првенството, а “чеканите” испаднат од лигата, што сега е реално, вечно ќе се зборува за ситуацијата во 95. минута.

Калум-Вилсон тогаш постигна гол за 1:1, гостите бараа фаул во нападот над голманот Раја, ВАР собата долго одлучуваше, судијата Крис Кавана доби повик за сам да ја прегледа оваа ситуација и на крај се донесе одлука дека голот нема да се признае. 

Овој детал веројатно ќе ја одреди судбината на целото првенство, навивачите на Арсенал слават, титулата сега е толку блиску и сè што му останува на овој тим е да го победи Барнли дома и Кристал Палас на гости. 

Ова беше пеколна недела, вистински ролеркостер. Знаевме дека играме против тим кој се бори за преживување, клуб со голема историја. Имавме три големи шанси на почетокот и не ги искористивме. Мораше да ја менуваме формацијата поради повредата на Бен Вајт. Вложивме се што имавме и од клупата направивме разлика. Мартин Одегард креираше одлична акција за Тросар. Таму беше брилијантната одбрана на Раја, а потоа апсолутен хаос во шеснаесетникот. Постигнаа гол, но ВАР го прегледа тоа. Тоа беше голема одлука, но очигледно праведна. Мојот прв инстинкт беше дека имаше фаул“, рече Артета.