„АС“ тврди: УЕФА има идеја како да ја заврши сезоната, но ретко кој ќе го прифати тоа!

    УЕФА за утре закажа неколку состаноци, на кои ќе биде позната судбината на фудбалот во Европа за оваа сезона

    Главна цел на УЕФА е да донесе одлука околу тоа дали ќе се игра Европското првенство (ЕП) ова лето, а шпански „АС“ објави дека УЕФА не сака да закаже нов термин за ЕП.

    Клубовите се против тоа и сакаат ЕП да се одложи за да може сезоната да ја завршат, сепак УЕФА сака да прогласи шампиони на првенствата уште сега.

    Идејата на УЕФА е моменталниот лидер на табелата да биде прогласен за шампион, но тешко дека ќе се согласи мнозинството на такво нешто.