Атлетико Мадрид бројот од Гризман го додели на најскапото засилување во историјата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Атлетико Мадрид денеска и официјално го потврдија трансферот на Жоао Феликс од Бенфика.

Младиот фудбалер потпиша договор со Атлетико за сума од 120 милиони евра и стана најскапото засилување на клубот во историјата.

Набрзо штом беше објавен трансферот беше откриено дека Жоао Фелиск во Атлетико Мадрид ќе го носи дресот со број 7 кој досега му припаѓаше на Антоан Гризман кој е пред трансфер во редовите на Барселона.