Атлетико Мадрид останува без класичен напаѓач против Ливерпул?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Атлетико Мадрид може без здрав класичен напаѓач да го дочека првиот натпревар од осмина финалето во Лигата на шампионите против Ливерпул, пишува Марка.

Ваквите шпекулации доаѓаат по повредата на Алвар Мората, кој беше повреден за време на саботното дерби со Реал Мадрид.

Така, Шпанецот им се придружува на Жоао Феликс и Диего Коста кои веќе некое време се на рехабилитација поради повредите.

Со тоа што Атлетико Мадрид не успеа да донесе класичен напаѓач во составот во зимскиот рок, составот на Симеоне остана без ниту еден здрав шпиц.

Инаку, Атлетико ќе биде домаќин на Ливерпул во првиот натпревар од осмина финалето во Лигата на шампионите, а овој дуел се игра на 18 февруари, што може да биде прерано за Мората да се опорави.

Јорганџиите останаа на Кореа и Караско, крилата кои може да бидат закана за противничкиот гол.

Атлетико Мадрид е без победа на пет врзани натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи само еден гол. Борбите на Атлетико со ефикасноста се повеќе од очигледни.