Атлетико Мадрид спреми нов договор за Торес


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанските медиуми денес објавија дека Фернандо Торес најверојатно и наредната сезона ќе остане во Атлетико Мадрид.

тТорес во финишот од минатата сезона прикажа неколку одлични настапи, а навивачите на Атлетико очекуваат од управата на клубот да му понуди нов договор. Торес 18 месеци помина на позајмица во Атлетико Мадрид од екипата на Милан, а неговиот договор со тимот на Атлетико истекува на крајот на оваа сезона.

Сепак, шпанските медиуми веруваат дека Торес ќе остане во Атлетико Мадрид, наводно управата на клубот преговара со шпанскиот напаѓач и се спремни да му понудат нов едногодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона.

Торес оваа сезона на 44 натпревари за Атлетико постигна 12 погодоци и запиша пет асистенции.