Атлетико со рутинска победа против Мајорка, Трајковски доби шанса за настап и не искористи супер прилика (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Атлетико Мадрид славеше рутинска победа од 2:0 на гостувањето во Мајорка кај новиот член на Ла Лига.

За „јорганџиите“ погодоците ги постигнаа Диего Коста кој ја затресе мрежата на домаќините во 26. минута и Жоао Феликс кој погоди во второто полувреме од натпреварот.

Шанса за настап во Мајорка, во последните 30 минути доби и македонскиот репрезентативец Александар Трајковски кој имаше и една голема прилика. Такефуша Кубо му додаде одлична топка, Трајковски се најде сам во шеснаесетникот, но се сплетка и не успеа да шутне кон голот на Облак.