Авионот слета на аеродромот, ракометарите ќе се упатат кон плоштадот (Фото)

Авионот со експедицијата на Вардар конечно слета на меѓународниот аеродром во Скопје.

Сега ракометарите ќе прослават пред аеродромот со насобраните навивачи, а потоа со панорамските автобуси на ЈСП ќе се упатат кон плоштадот „Македонија“ каде веќе ги чекаат илјадници навивачи кои се подготвени за луда прослава на шампионската титула.