Азар не може „глава да крене“ од повреди – пак има проблеми со мускулите?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгискиот репрезентативец Еден Азар во Реал Мадрид пристигна во летниот преоден рок во 2019 година во Челси, но не ги исполни очекувањата од раководството на тимот.

Азар играше очајно од самиот почеток во Реал, а потоа следеа и големи проблеми со повреди. Конечно му тргна оваа сезона и одигра седум меча во Ла Лига, но таман кога почна да влегува во форма, тој пак има болки во мускулите.

Белгиецот го пропушти мечот против Атлетик Билбао, а нема да биде во конкуренција ниту за натпреварот против Шахтер во Лига на шампиони.

„Азар е изморен од проблемите. Не е повреден, но мускулите му се проблем. Тој е најмногу вознемирен и мислам дека ќе може да игра против Барселона“, вели Карло Анчелоти.