„Азар никогаш не сакаше да тренира, но затоа...“

Нигериецот Џон Оби Микел откри дека Еден Азар никогаш не сакал да тренира, но дека благодарение на неговиот талент бил најдобар фудбалер во екипата.

Белгиецот и Нигериецот тренираа заедно во дресот на Челси, а Азар во моментов го носи дресот на Реал Мадрид.

„Азар е неверојатно талентиран. Можеби не е толку добар колку Лионел меси, но може да направи што сака со топката. Никогаш не сакаше да тренира. Додека ние трениравме, тој стоеше покрај нас и чекаше да завршиме. Сепак, на натпреварите беше најдобар“, вели Микел.

Азар во шпанскиот клуб на 11 натпревари постигна само еден гол, па целосно ги разочара навивачите.