Азар стигна на „Бернабеу“ и веднаш ги воодушеви навивачите на Реал Мадрид (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгискиот фудбалер Еден Азар денеска ќе биде официјално претставен како нов фудбалер на Реал Мадрид.

Азар седум сезони со многу успех го носеше дресот на Челси, но реши дека е време за нов чекор во кариерата, па ја прифати понудата на „кралскиот клуб“.

Белгиецот потпиша петгодишен договор, па денеска од 19 часот ќе биде официјално промовиран на „Сантијаго Бернабеу“.

Голем број навивачи на Реал се појавија пред стадионот на неколку часа пред претставувањето затоа што сакаат да го поздрават Белгиецот. Тој неодамна стигна на медицински прегледи, а потоа ги воодушеви фановите кога реши да потпише неколку автограми и да се фотографира со фановите.