Баерн ги почитува правилата за коронавирусот дури и кога се потпишува договор! (ФОТО)

Томас Милер денеска го продолжи неговиот договор со Баерн Минхен. Напаѓачот потпиша соработка до 2023 година, откако преговорите беа долги неколку месеци.

На потпис на договорот беа и Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан, а фотографијата привлече големо внимание.

Тие поради коронавирусот мораа да ги почитуваат правилата за држење растојание, па седнаа далеку еден од друг.