Баерн ги почна преговорите: Стигнува најпосакуваниот фудбалер на Рома…?!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Иако е уште тинејџер, Николо Заниоло веќе сега станува еден од најбараните играчи во светот.

Заниоко летото 2018. година стигна во Рома за само 4.5 милиони евра од Интер, како дел од работата за Радја Наинголан и веќе во првата сезона на „Олимпико“ воодушеви.

Постигна четири погодоци со две асистенции и според пишувањата на Билд, играчот сега се најде на мета на Баерн, кој планира да го донесе веднаш на крајот на сезоната.

Вредноста на трансферот би можела да изнесува околу 50 милиони евра, а освен Баерн играчот го посакуваат Манчестер Сити, Милан, Јувентус и Реал Мадрид.

Неговиот договор со Рома трае до 2023. година, но неговата разделба со Олимпико изгледа како реална со оглед на тоа дека се наоѓа во клубот во кој се навикнати да продаваат големи играчи, но и дека на тој начин заработуваат повеќекратно.

Агентот на младиот играч ќе разговара со Рома околу можната продажба, а Римјаните не сакаат ниту да размислуваат за износ помал од 50 милиони евра. Играчот како што се наведува планира да оди во странство за да направи голем чекор во кариерата.