Баерн како да не паузирал: „Баварците“ испукаа петарда во мрежата на Ајнтрахт


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Баерн Минхен го победија Ајнтрахт Франкфурт на свој терен со убедлив резултат од 5:2.

„Баварците“ се лидери на табелата и веќе во следното коло ќе имаат можност во директен дуел против Борусија Дортмунд опасно да се доближат до титулата во шампионатот.

Леон Горецка во 17. минута го донесе Баерн Минхен во предност, а во 41. минута Томас Милер зголеми на 2:0.

Тимот на Ханси Флик продолжи во ист ритам и во вториот дел , па Роберт Левандовски со својот 27. гол сезонава во лигата зголеми на 3:0. Ајнтрахт се врати со брзи два гола на Хинтерегер, но Баерн се разбуди од краткиот шок и со нови два гола ја потврди победата.

Стрелци на головите беа Алфонсо Дејвис и Хинтерегер кој овој пат го совлада сопстевениот голман.