Баерн Минхен доби нов тренер – Јулијан Нагелсман!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Актуелниот германски првак Баерн Минхен потврди дека нивни тренер од следната сезона ќе биде Јулијан Нагелсман, кој пристигнува од екипата на Лајпциг.

Баварците се договориле да платат отштета од 25 милиони евра за Нагелсман, кој ќе стигне како замена за Ханси Флик затоа што тој реши да го напушти тимот на крајот на сезоната.

Баерн потврди дека Нагелсман ќе биде нивни тренер од почетокот на следната сезона, односно од 1 јули, а со стратегот потпишаа договор на пет години.