Баерн Минхен договорил ѕвезда од Реал Мадрид?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германските медиуми објавија дека Баерн Минхен е заинтересиран за фудбалерот на Реал Мадрид, Лукас Васкез и наводно постигнале договор со него.

Васкез е во последната година од договорот со тимот, па не може да се договори за нова соработка и поради тоа е подготвен да го напушти Мадрид.

Васкез преговара со заинтересираните тимови, а најголем интерес за него покажа Баерн Минхен, кој наводно веќе постигнал договор со него, иако нема официјална потврда.