Баерн Минхен едвај извлече реми против Салцбург, Ливерпул го казни Интер 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Салцбург вечерва беше на праг да го изненади Баерн Минхен, кој сепак извлече реми (1-1), додека Ливерпул славеше со 2-0 против Интер во првите осминафинални натпревари од Лигата на шампиони (ЛШ).

Домаќините постигнаа гол во 21. минута преку Адаму, а водството на Салцбург траеше до последната минута од регуларниот дел, кога Коман погоди за 1-1.

Интер имаше многу шанси во мечот против Ливерпул, но не ги искористи, а казната за тоа стигна преку Фирмино и Салах, кои за само осум минути во завршницата од мечот стрелаа за 2-0.