Баерн Минхен и Манчестер Сити со крајно спротивни ставови: „Баварците“ нудат едно, „граѓаните“ бараат друго


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Сити и Баерн Минхен се далеку од пронаоѓање решение за евентуалниот трансфер на Лерој Сане.

Германскиот клуб  го посакува крилниот фудбалер, но Манчестер Сити не планира лесно да се ослободи од него.

„Граѓаните“ побарале од Баерн високи 70 милиони фунти за да го ослободат играчот од услугите, додека германскиот клуб понудил „само“ 40 милиони евра.

Преговорите засега се во прекин и се уште не е познато дали Баерн Минхен ќе се согласи да плати толку пари за играч чиј договор истекува во 2021 година.