Баерн пушти во продажба специјално дизајнирани заштитни маски и ги сруши сите рекорди (ФОТО)

Баерн неодамна објави дека на пазарот ќе има заштитни маски кои ќе го содржат логото на клубот.

Баварците решија да им помогнат на здравствените установи во борбата против коронавирусот, и да пуштат во продажба специјално дизајнирани заштитни маски и сигурно не можеа да очекуваат толку добар одговор од љубителите на овој клуб.

За само 24 часа, Баерн успеа да продаде дури 100.000 заштитни маски, а парите ќе бидат донирани на здравствените установи. Многумина беа изненадени од реакцијата на навивачите кои јасно го сакаат потегот на баварскиот клуб, и го срушија рекордот за продажба во рок од еден ден.

Пред неколку дена, Баварците го открија изгледот на заштитни маски, а дизајнот им се допадна на навивачите. Пакетот, кој доаѓа со три маски со различни дизајни, чини 17,95 евра, додека една маска е 6,95 евра.