Баерн се спаси: Француски клуб урна рекорд за да го купи Ренато Санчез


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Ренато Санчез денеска ќе го смени неговиот клуб. Тој стигна во 2016 година, но во Минхен никогаш не се покажа како вистинско засилување.

Тренерот Нико Ковач вети дека ќе му даде повеќе шанса во тимот, но тоа не се случи, па Санчез по мечот на Херта покажа незадоволство, а клубот попушти и го пушти да си замине.

Француските медиуми пишуваат дека Санчез денеска ќе потпише петгодишен договор со Лил, а исто така француската екипа ќе треба да му плати 25 милиони евра на Баерн Минхен.

Да потсетиме, Санчез пред да се пресели во Баерн, играше за Бенфика, а беше испратен и на позајмица во англиски Свонси.