Баерн создава моќен тим: По Сане, ангажираше и голем талент од ПСЖ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен го почна моќно преодниот рок. По договорот со Лирој Сане, кој треба наскоро да го потврди, уште едно име пристигна на Алијанц Арена“. Станува збор за Нианзу Куаси, 18-годишен стопер, кој потпиша четиригодишен договор.

Иако прва позиција му е стопер, Куаси може да игра на уште неколку позиции во одбраната. Има и француски пасош, но и пасош на Брегот на Слоновата коска.

Хасан Салихамиџиќ кажа дека е презадоволен со ангажирањето на младиот фудбалер.

„Пресреќни сме што го ангажиравме Куаси во Баерн Минхен. По наше мислење станува збор за еден од најголемите таенти во Европа. Неговата централна позиција е одбраната, но може да игра на повеќе позиции“, кажа Салихамиџиќ.